Љубопитноста треба да се негува уште од рана возраст и тоа го сфати учителката Весна Гагаловска. Таа користи „Микро:бит“ уреди за сите предмети, така што нејзините петтоодделенци можат да најдат начин да користат „Микро:бит“ уреди за проекти што им одговараат најдобро на нивните интереси. Како што рече учителката Весна, важно е „Микро:бит“ уред да се користи не само по информатика и предмети кои користат компјутер, туку и по биологија, хемија и сите други предмети.

Така оживеаа контејнерот „Грицко“, математичкиот калкулатор, стоперката и многу други проекти. Од љубопитни и малку исплашени ученици, тие станаа многу успешни во градењето на многу проекти и уживаа во темите со кои се мачеа на почетокот. Нашата програма „Училишта на 21 век“ има за цел да развие критичко размислување и решавање проблеми кај најмладите ученици, а училиштето „Тодор Ангелевски“ ни покажа колку далеку можеме да стигнеме. Уживајте во ова видео во кое нашите млади ученици ги презентираат своите достигнувања.

Споделете на социјални мрежи