Колумнист, која пишува неделни колумни за весници и онлајн страници во Македонија, ги надгледува медиумите во Балкан, и поранешен шеф на македонскиот светски сервис Би-Би-Си.
Жанета Скерлев пишува: „Ги разгледувам белешките што ги пишував пред, за време на и по секоја средба и разговор со девојките, новинарките на коишто им бев менторка. Белешките содржат листа на работи што треба да се направат, списоци полни идеи, аспирации, па дури и некои чудни забелешки. Забележав дека на почетокот внимателно си пристапивме, не бевме сигурни дека воопшто ќе излезе нешто од сето ова. Средбите на „Зум“ знаат да бидат толку безлични, исто како и е-поштата. Добро, се гледате, но не можете да си ги прочитате мислите.
Потоа, сфаќате дека не сте сами, дека сте дел од група жени од медиумите, како и дека веројатно истите работи и ним им поминуваат низ глава и им се случуваат. Покрај тоа, добивате одлична поддршка од проектот, поддршка за сите, во секое време. И тогаш сфаќате. Изненадени сте всушност колку брзо, веќе по втората средба, сите се чувствуваме многу подобро. И јас и новинарките коишто ги менторирав. Слободно можам да го кажам тоа.
Почнуваме да разговараме, да споделуваме и да поставуваме цели. Стануваме сè поамбициозни. Откривам дека Албина е всушност одлична новинарка и можеме да зборуваме како да го направиме нејзиното политичко шоу уште повпечатливо. Таа ми ги испраќа сите нејзини програми. Зборува на англиски со мене, а јас се обидувам да зборувам на босански. А со Елда, млада студентка на постдипломски студии во Италија, којашто е сама и ѝ е ускратено дружењето поради строгите мерки против Ковид-19, зборувавме што сака да биде додека седеше надвор во студениот ходник за да не ѝ пречи на цимерката. Допрва треба да одлучи за нејзината иднина, како новинарка или консултант за односи со јавноста, но во секој случај таа е среќна млада жена која ќе го исполни својот потенцијал во родната земја, бидејќи е паметна.
Ах, одненадеж сме толку амбициозни и опуштени. И сето тоа е толку нормално.
Што постигнавме? Се запознавме една со друга и се запознавме со останатите. Сега припаѓаме на една група и поради тоа се чувствуваме посилни и посигурни во себе. Ние сме многу повеќе од менторска двојка. Се следиме и се чуваме една со друга. Знаеме дека ќе бидеме тука една за друга. Ви звучи малку патетично? Не ме интересира. Тоа е вистината. Во ова време-невреме на војна, болка и мака, жените во медиумите ни дадоа искра надеж дека заедно, со меѓусебна поддршка, можеме да ги постигнеме нашите цели.
Токму тоа, драги мои дами (и господа), е бесценето! "