Зошто се пријавивте за учество во програмата за менторство за жени во медиумите во Западен Балкан?
Се пријавив од повеќе причини, од кои може да издвојам две како главни.
Првата е тоа што работам како продуцентка во РТВ „ПУЛС“ и имам учествувано во продукцијата на неколку емисии посветени на родовата рамноправност. Сфатив дека одредени специфичности влијаат на продукцијата, како и на гледачите. Како прво, на територијата каде што живеам наталитетот е поголем отколку во другите краишта каде што живеат Срби; како второ, девојчињата се мажат помлади и стануваат мајки релативно млади во споредба со просекот; и како трето, статусот на жената е некаде помеѓу традиционалното и модерното, а улогата на медиумите е да им помогнат на жените да се оснажат и да се ослободат од старите, балкански стеги, да се изборат општеството да го уважи нивниот придонес, како во домот така и на работното место и во јавноста, со крајна цел да станат рамноправни, но не само на хартија, туку и во пракса.
Од друга страна, завршив Правен факултет и отсекогаш ме интересирале „женските права“, нивното остварување и заштита.
Дали работата со Вашата менторка придонесе за Вашиот личен и професионален развој?
За мојата менторка Маша најважно е да се каже дека најде начин да ги разбере моите потреби во една за неа е специфична и непозната средина.
Подоцна, сите нејзини совети и препораки ми беа значајни и корисни, бидејќи беа конкретни, практични и применливи.
Опишете ни го накратко успехот што го постигнавте како менторска двојка.
Сега читам многу повеќе на интернет за родовата рамноправност, и во сите вести, извештаи и емисии направени од РТВ „ПУЛС“ инсистирам да се опфатат гледиштата на жените и тие да бидат соодветно застапени како соговорнички и хероини во нашите приказни. Благодарение на поддршката од раководството на нашиот медиум, на добар пат сме да го издигнеме прашањето за родовата рамноправност како еден од приоритетите во нашата продукција.
Дали дојдовте до нови идеи, започнавте нови активности, соработки и/или проекти или во план Ви се за понатаму, како резултат на вмрежувањето со луѓето коишто се опфатени во нашата програма?
Како што напоменав, со Маша сè е конкретно и практично. Штотуку почнав да работам како авторка на феноменалната приказна „Жената во очите на гинекологот“, за одличен доктор, којшто наместо да ги поминува пензионерските денови шетајќи или играјќи си внуците, дојде од Лесковац во Пасјане за да им пружа гинеколошко-акушерски услуги на пациентките како одличен доктор, но и за да ги подучува помладите колеги за таа работа, или подобро кажано, хумана мисија.
Исто така, работам на подготовката на еден малку посериозен проект, којшто се темели на теренско истражување за положбата, проблемите и потребите на Србите во Поморавље во Косово, односно во регионот на Гњилане, и се надевам дека ќе ја добиеме вашата поддршка за неговото спроведување, што мене и на мојот медиум би ни било од огромна помош и огромно значење.
Дали Ви се исполнија очекувањата што ги имавте за програмата за менторство?
На самиот почеток не знаев што да очекувам, но сега можам само да кажам дека навистина не можам да ги најдам вистинските зборови за да изразам огромна благодарност до вас и до мојата менторка Маша Милеусниќ, на која ѝ должам многу, за сите нејзини практични и применливи совети, укажаната поддршката и споделувањето на нејзиното богато новинарско искуство... Ви благодарам уште еднаш за прекрасното искуство, коешто би им го препорачала на сите што сакаат да го унапредат професионалниот и личниот развој.