1. Која беше инспирацијата да се избере оваа тема за проектот?
ЛД: Секогаш се фокусирав да направам проекти во училиштето за кои мислев дека нема да можам да ја постигнам целта. Нашата инспирација за реализација на овој проект беше желбата за почисти училници и подигнување на совеста на учениците за селектирање на училишниот отпад.
НХ: Подигање на свеста на учениците за околината во која живеат и полесно селектирање и отстранување на отпадот.
2. Дали часовите се поинтересни кога се користат уредите микро:бит?
ЛД: Кога почнавме да работиме со уредите микро:бит сфатив дека со таквите уреди можеме да направиме многу интересни проекти, додека наставниот час ни беше многу интересен затоа што очекувавме да ги видиме резултатите од задачата што ја пишувавме за уредот микро:бит.
НХ: Да, лекцијата е интересна, бидејќи им овозможува на учениците да искусат нови искуства и да бидат покреативни за иновативни работи.
3. Во која индустрија би сакале да работите во иднина и зошто?
ЛД: Сакам да работам во голема компанија за програмирање и иновации, затоа што во нашава земја потребно е да се воведат иновации кои што ќе бидат успешни на нашиот пазар. Многу е важен потенцијалот да излезе и надвор од државата, на европскиот пазар.
НХ: Сакам да работам во индустријата за рециклирање отпад, со цел да се намали отпадот и да има почиста животна средина, не само за луѓето, туку и за сите живи организми.
4. Кои се следните проекти што би биле заинтересирани да ги креирате?
ЛД: Ова учебна година јас преминав во средно стручно училиште каде што по предметот информатика немаме работа со уредите микро:бит, затоа и не можам да испланирам идни проекти.
НХ: Би сакала да направам проект за употреба на сончева енергија за греење на вода, така што ќе имаме што помалку употреба на електрична енергија, фосилни горива и дрво.
5. Што би им порачале на своите врсници кои размислуваат дали да се пријават на следниот натпревар?
ЛД: Јас имам желба да работам со проекти, чуствувам одговорност за задачата што ја добивам, само ми треба сосема мала поддршка за да можам да ги реализирам моите многубројни идеи. Поддршката ја имав од мојата наставничка со која после многу бројни консултации се одлучивме за ваков проект.
На моите врсници им препорачувам да се вклучат и да работат на слични проекти. Ако се има желба и љубов можат да ја постигнат целта, да направат уште поинтересни проекти.
НХ: Јас би рекол да имаш волја и креативност да креираш проекти кои се креативни и неопходни за околината во која живееме за да видиме позитивни промени.