Рокот за пријавување е продолжен до 12 Септември!

Проектот „Media for All“ се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Целта на проектот е да се зајакне уредничката независност на медиумите во Западен Балкан и да се поддржат локалните независни медиуми да постигнат поголема финансиска одржливост.

Отворен е повик за пријавување за Натпреварот за млади новинари, во рамките на проектот „Media for All“ – сеопфатен проект којшто нуди стипендија за учество во програмата за новинари кои покриваат теми поврзани со младите, менторство и советување за кариера, како и промовирање на медиумските содржини создадени од учесниците новинари од медиумите ширум регионот.

За натпреварот може да се пријават тимови составени од новинари кои доаѓаат од различни земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија), односно тимови кои заедно создаваат релевантни содржини за младите ширум регионот на Западен Балкан. За учество на натпреварот ќе бидат избрани 10 тимови составени од три новинари.  

Избраните учесници ќе уживаат во придобивките од осумнеделната програма за време на која ќе работат со ментор/и на развивањето и создавањето на нивните стории и ќе добијат стипендии. Петте најдобри тимови ќе бидат поканети да учествуваат на настан за вмрежување што ќе се одржи во ноември, на којшто тимовите ќе бидат оценувани од стручно жири и победничкиот тим ќе освои парична награда за набавка на продукциска опрема. 

Формат и теми на натпреварот

Ви предлагаме предлозите да ги опфаќаат долунаведените теми; но слободно може да изберете и тема која не е наведена во листата, со образложение зошто сметате дека таа тема е релевантна и важна за младите од Западен Балкан:

  • Младинско вработување,
  • Родова еднаквост и родови прашања,
  • Миграција,
  • Екологија,
  • Последиците од пандемијата врз младите,
  • Локалната политика и младите,
  • Младински активизам.

Може да создадете сторија во кој било формат, како на пример, аудио, видео, мултимедија, подкаст, блог, влог и други формати.

Кој може да се пријави?

Доколку сте новинар/ка на возраст од 21-30 години и сте жител/ка на една од земјите во Западен Балкан, имате одлично познавање од англискиот јазик, сакате да уживате во придобивките од работа со стручен ментор и да добиете можност Вашата работа да ја оценува жири од етаблирани новинари, пријавете се веднаш!

Рок за пријавување

Рокот за пријавување е до 12 септември, 17:00 часот. Доколку имате прашања, слободно обратете ни се најдоцна до 30 август на prijave@media.ba со наслов на дописот: „Young Journalists Competition“. Пријавите мора да се пратат  електронски на prijave@media.ba со следниов текст во полето за наслов (Subject): „Young Journalist Competition - наслов на предложената идеја“.

 

Подолу може да прочитате повеќе информации за начинот на пријавување и за самиот натпревар.

Споделете на социјални мрежи