Младинските медиуми во Западен Балкан

Истражувањата постојано укажуваат дека речиси половина од младите кои живеат во Западен Балкан воопшто немаат доверба во медиумите. Тие претежно се служат со онлајн извори на информации, со фокус на социјалните мрежи и содржините кои ги споделуваат нивните врсници. Малубројни се медиумите кои споделуваат содржини на теми кои се релевантни за младите, се однесуваат на младите или се создадени од млади.  

Давање глас на младото население

Финансиската нестабилност, честото менување на кадарот, недостигот на географска разноликост, предизвиците при вклучувањето на публиката и недостигот од раководна и новинарска експертиза се само некои од предизвиците со кои се соочуваат младинските медиуми.  

И покрај овие проблеми, младинските медиуми создаваат квалитетни содржини кои се релевантни за младите и со кои се овозможува да се слушне гласот на оваа недоволно застапена група.

Проектот „Media for All“ има за цел да ги продлабочи капацитетите на младинските медиуми, со цел да создаваат квалитетни, релевантни, етички и родово чувствителни содржини, да се зголеми интересот и вклученоста на младите во медиумите на локално ниво и да се овозможи создавање на регионална мрежа на млади во медиумите.  

Обука за младинските медиуми според нивните потреби

Со Медиа Центар Сараево создадовме специјална програма за инструментален процес на менторство за младинските медиуми ширум Западен Балкан. Во период од три месеци, од септември до ноември 2021 година, медиумите ќе работат со искусни професионалци од областа на медиумите на разни теми поврзани со нивните секојдневни активности. 

Ги прашавме младинските медиуми ширум Западен Балкан каква обука и поддршка би им била најмногу од корист и врз основа на повратните информации ги избравме темите за активностите за инструменталниот процес на менторство. 

Теми кои ќе бидат опфатени со инструменталниот процес на менторство:

Cобирање Cредства

Медиумите ќе работат со нивните ментори на стратегии за собирање средства, вклучително за потенцијални донатори и партнерства со медиуми, и ќе разгледуваат начини за подобрување на принципите за продажба и маркетинг, со цел да ги зголемат приходите и публиката. 

Pодово чувствителни практики

Подигањето на свеста за родово чувствителните практики на работното место и во содржините што ги создаваат ќе им помогне на медиумите еднакво да ги застапуваат жените и сексуалните малцинства. Со помош на мапирање на организациите што ја поддржуваат ЛГБТИ заедницата, медиумите ќе можат да создадат партнерства со кои ќе известуваат попрецизно за прашањата и темите од интерес за оваа публика. 

Cоздавање родово фокусирани содржини

Менторите ќе работат со медиумите на создавање мултимедијални содржини на родово фокусирани теми (родово базирано насилство, права и положба на сексуалните и родовите малцинства, политички, културни, социјални и економски права од родова перспектива во регионот итн.).    

Аналитика

Менторството ќе го продлабочи капацитетот на медиумите за владеење со достапните онлајн алатки за анализа на податоци, ќе ја подобри методологијата за создавање публика и ќе придонесе да се пронајдат потенцијални партнери за спроведување понапредни истражувања и аналитика.  

Hовинарство кое ги вклучува граѓаните

Познато и како новинарство му дава моќ на гласот на народот, новинарството кое ги вклучува граѓаните се темели на хибридна и заемна врска помеѓу заедниците и новинарите/редакциите. Со медиумите ќе работи ментор со цел тие подобро да ги сфатат модерните пристапи на новинарството кое ги вклучува граѓаните и ќе им помогне да создаваат содржини во тесна соработка со нивната публика. 

Создавање аудиовизуелна содржина

Менторите ќе работат со медиумите на продлабочување на нивните капацитети за создавање аудиовизуелна содржина. Со специјален пристап, менторите ќе се фокусираат на специфичните потреби на секој од медиумите, од основните технички пристапи за продукција и уредување до напредните методи на аудиовизуелно известување. 

Создавање содржини за социјалните мрежи

Процесот на менторство ќе им помогне на медиумите да создаваат содржини за социјалните мрежи, со фокус на кратки и ефективни мултимедијални содржини, со цел да се подобри ангажманот и досегот до публиката на социјалните мрежи.

Споделете на социјални мрежи