Медиумите добиваат голем број барања од млади кои сакаат да стажираат кај нив, но стажирањето не е структурирано или организирано во склоп на формалните програми. Нашиот партнер БИРН создаде четиримесечна програма за пракса за дванаесет практиканти.
Како резултат на тоа, поканивме студенти, дипломци и млади новинари од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија да се пријават за првиот циклус од програмата за четиримесечна пракса.
По серија интензивни двонеделни обуки со искусен/на новинар/ка, кој/а ги подучуваше практикантите низа вештини и техники кои им се потребни за работа во еден активен медиум, ги запознавме практикантите со нивните ментори.
Практикантите станаа членови на редакциите на избраните медиуми, со полно работно време, а притоа им беше овозможена поддршка од искусен член од тимот во секој од медиумите. За време на програмата, практикантите стекнаа практични вештини и добија можност да напишат и продуцираат повеќе од 300 прилози.