За проектот „Media for All“ разбрав пред две години, кога ТВ „Митровица“ стана дел од овој проект. Кога дознав за можностите што проектот ги нуди, сметав дека учеството во него ќе биде корисно лично за мене и за медиумот во којшто работам. Во ТВ „Митровица“ работам како координатор на програмата „ Engaged Citizens Reporting“ и мислам дека ова е едно од најдобрите искуства што сум ги имала за време на мојата неколкугодишна работа во медиумите.

Присуствував на голем број обуки во рамките на проектот изминативе две години и сметам преку нив добив најголема поддршка. Научив многу и продолжувам да учам, дури и за време на онлајн курсевите во рамките на проектот. Се трудев да не пропуштам ниту една можност или активност понудена во рамките на проектот, бидејќи секоја можност ја гледав како нешто многу вредно за мојот личен и професионален развој.

Бев и дел од програмата за менторство. За првпат се сретнав со таква можност. Тоа беше несекојдневно искуство за мене, за коешто сум му многу благодарна на проектот „Media for All“. Верувам дека проектот беше неопходен, користа од него е голема.

Благодарение е на многуте обуки во коишто учествував, станав многу посвесна за родовите прашања, дискриминацијата, дезинформациите, важноста да се создаваат мултимедијални содржини, важноста да се истражува и да се проверуваат фактите, инклузивноста во известувањето, етичките прашања, безбедноста на новинарите и многу други нешта.

Јас лично добив многу; ми се отворија нови можности, се запознав со многу експерти, професионалци од различни области, со жени и девојки од медиумите во Косово и регионот, имавме средби, дискусии, разговаравме за можноста за вмрежување, почнав да остварувам регионални соработки, да учествувам во создавањето на регионални приказни и сето тоа се случи благодарение на проектот „Media for All“.

Што се однесува до медиумот, според мене најголемата придобивка е обуката на персоналот, за што добивме поддршка од проектот „Media for All“. Сметам дека ова беше голема придобивка, доколку се земе предвид фактот дека колку повеќе се професионални новинарите на еден медиум, толку ќе биде подобра новинарската продукција, со што ќе се зголеми довербата на јавноста во самиот медиум.

Од друга страна, употребата на алатката ECR, којашто претходно не ја имавме практикувано, беше уште една предност во овој проект. Со нејзината употреба, не само што се зголеми вклученоста на граѓаните во телевизијата, туку и се подобри известувањето. Граѓаните почнаа да ги споделуваат со нас проблемите во заедниците каде што живеат, без оглед на тоа дали се работи за отпад, животна средина, економија или други проблеми со коишто се соочуваат во секојдневниот живот и за кои бараат решение. Алатката ECR им даде можност на граѓаните на Митровица да станат дел од известувањето.

Сметам дека, покрај обуките, највреден аспект на овој проект беше менторството. Навистина сум среќна што ја имав оваа можност.

Споделете на социјални мрежи