На младите коишто работат во медиумите им е потребна поддршка од секој можен аспект. Оттаму, во учеството во проектот „Media for All“ препознав одлична можност како за мојот тим, така и за себе како писателка и уредничка на почетокот на кариерата. Како младинска редакција секојдневно се залагаме да ја подобриме нашата работа, а проектот „Media for All“ ни овозможи да го збогатиме нашето знаење и да стекнеме искуство. Секогаш постои шанса стекнатите контакти да преминат во пријателства по проектот, па затоа идејата за соработка со медиумите и организациите од регионот ми е особено драга.
Добив поддршка од сите аспекти на програмата, што е само потврда за нејзината сеопфатност. Мене, како млада личност којашто се занимава со медиумска професија и работи во локални младински медиуми, најзначајно ми е да стекнам искуство надвор од мојата заедница и да стекнам увид во други начини на работа. Ова не само што ги проширува моите хоризонти туку и ме инспирира и мотивира. Покрај тоа што се подобри моето теоретско знаење и добив можност за практична работа, ја почувствував и поддршката и вербата во нас од целиот тим на „Media for All“. Поддршката од проектот е исто така фактор кој има влијание врз крајниот резултат. Покрај поддршката од обучувачите, менторите, предавачите и координаторите, меѓусебно си пружаа поддршка и колегите од други тимови и сигурна сум дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина.
Програмските активности во рамките на проектот „Media for All“ го оснажија целиот мој тим, без разлика кој од нас учествуваше во нив. Во тимот учиме еден од друг, па затоа сите стекнавме некакво знаење од проектот. Тимот и редакцијата на „Радио Актив Зеница“ станаа посилни во секој поглед благодарение на „Media for All“.
Исто така, кога станува збор за мојот личен развој, активностите за време на проектот ми ја зголемија самодовербата при работењето, ми помогнаа да развијам нови вештини и да го применам стекнатото знаење. Во мојата работа се соочував со различни предизвици – некои од нив и самата си ги наметнував – но успеав да се справам со нив со помош на тимот на „Media for All“.
Сметам дека е тешко да се издвои само еден аспект од проектот како највреден, бидејќи во секоја активност има нешто што ја збогатува работата на медиумите и редакциите. Како и претходно, мора да истакнам дека од огромно значење е знаењето што го добивме ние учесниците од искусни професионалци. Колку и да си ја знаеме нашата работа како новинари, потребно е постојано да се подобруваме и да бидеме во чекор со трендовите. Верувам дека на сите нас знаењето и експертизата што ги нуди овој проект ќе ни бидат од огромна помош во професијата.
Во Босна и Херцеговина неформалното образование е многу важно за да се постигне квалитетна работата. Во поле како новинарството, знаењето не може да се стекне само со теоретско учење. Оттаму, најважно е од кого учиме и чија работа ја анализираме за да создадеме квалитетни содржини за нашите медиуми. Преку овој проект, младите ќе добијат пристап до добри модели коишто ќе им послужат за пример и од коишто ќе може да учат. На младите денес им е важна атмосферата во којашто работат, а преку „Media for All“, покрај целото знаење, добиваат и опуштена атмосфера за работа и слобода - без да им се влијае врз изборот на теми и уредувачката политика. Исто така, потребни се години да се стекнат контакти, а со учеството во овој проект младите добија многу можности за вмрежување.