За „Амфора медиа“ проектот „Media for All“ претставува „академија“. За време на проектот, нашиот тим разви нови пристапи и го подобри професионалното известување.
Исто така, нашата публика е повеќе вклучена, што ни помага да известуваме поквалитетно.
Младите професионалци стојат исправени предмногубројни предизвици во медиумската средина, која е сè поранлива на општествените и политичките збиднувања. Од друга страна, малите медиуми во коишто работат млади професионалци се соочуваат со ограничени технички и финансиски можности.
„Формулата“ за поддршка којашто ни се понуди преку проектот „ Media for All“ вроди со нешто што може да се смета за прва иницијатива од овој вид во Албанија.
Комбинацијата на теорија, поддршка со опрема и спроведување во пракса се покажа како ефикасна за „Амфора медиа“. Развивме стандарди за известување и вклучување на публиката.
За првпат во нашите медиуми донесовме два навистина креативни формати посветени на младите. Серијата видеа „Култура во 1 минута“ („Culturein 1 Minute“)беше новитет кај онлајн медиумските содржини во Албанија. За околу една минута пренесовме голем број интересни информации поврзани со историјата, проследени со известување и интерактивна графика.
Серијата подкасти „Гласот на културата“ („VoiceofCulture“) исто така придонесе да се прошири фокусот на „Амфора“. Покрај за културното наследство и археологијата; известувавме и за социјалните прашања, дигиталните права и правата на жените. Прикажавме и ликови и историски настани важни за колективната меморија. Го зајакнавме гласот на младите луѓе и младите уметници.
Алатката за известување со вклучување на граѓаните (ECR) беше успешна форма на вклучување на публиката. Претходно, „Амфора“ се обиде на неколку начини да постигне вклучување на публиката, но ниту еден од нив не беше успешен. Алатката ECR е револуционерна за нас; стотици граѓани донесоа квалитетни извештаи, со што ги збогатија нашите написи со досега необјавени информации, фотографии и документи.
Обуката што ја добивме за време на проектот го подобри нашето новинарско известување, комбинирано со техники за пишување, видео снимање и аудио снимање.
Исто така, повеќе се фокусиравме на феномените поврзани со дезинформациии лажни вести. По менторството, ги унапредивме нашите политики и создадовме два внатрешни водичи: „Водич за безбедност при работа“ и „Водич за известување за родови прашања“.
Поддршката со опрема е бесценета за нас; сега сме многу побезбедни при истражувачкото известување. Користиме далечинска опрема за комуникација и снимање, што ги прави нашите новинари побезбедни кога истражуваат уништување на археолошки наоѓалишта.